НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ 2026 – Жив културен обичај во Конопница
Општина Крива Паланка ја одржува манифестацијата со поддршка на локалната заедница.

Општина Крива Паланка ги финализира подготовките за 16-тото издание на традиционалната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“, кое ќе се одржи в недела, на 1 март 2026 година, во црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница.
Настанот собира снаи и свекрви облечени во традиционални носии, кои ја симболизираат почитта, семејните вредности и заедништвото во македонската традиција. Учество веќе потврдија учесници од Крива Паланка, Велес, Кочани и Скопје, а се очекуваат и гости од Пијанец и Јабланичкиот регион во Србија.
Покрај обредниот дел, програмата ќе понуди и културно-уметнички настапи на македонската фолк пејачка Андријана Алачки и бендот „Синтезис“, предводен од Гоце Димовски.
Манифестацијата започнува во 13 часот и е отворена за сите љубители на традицијата и културното наследство.


