Денеска (25.02.) се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност и температура во интервал од -2 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен и локално ќе достигнува брзина до 50 km/h.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе се засилува.