БАЛКАНОТ НА ЧЕКОР ДО ЕУ – Членство без право на вето

Правни предизвици се во насока што моменталниот договор на ЕУ не дозволува членство без право на вето.

БАЛКАНОТ НА ЧЕКОР ДО ЕУ – Членство без право на вето
Фото: Принтскрин

Идејата за членство во Европската Унија без право на вето се разгледува во неформални дискусии. Некои лидери од Западен Балкан се подготвени да ја прифатат како пат кон побрзо интегрирање.

Правото на вето овозможува секоја земја-членка да блокира одлуки што бараат едногласност, вклучително и прием на нови членки.

Дискусиите се делумно поврзани со мировните преговори за Украина, каде идното членство на Киев може да биде дел од мировниот пакет. Европската комисија потенцира дека проширувањето носи економски и безбедносни придобивки.

Марта Кос, комесарката за проширување, предлага постепено членство со откажување од правото на вето и мониторинг до целосно усогласување.

Балканските земји реагираат различно. Северна Македонија, Србија и Албанија се отворени кон идејата, Црна Гора инсистира на полноправно членство додека БиХ и Косово го гледаат како шанса за побрз економски развој.

Правната рамка на ЕУ моментално не дозволува членство без вето, што значи дека за реализација е потребна промена на Договорот за ЕУ.

CATEGORIES
Share This