ПЛАН ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ВУЧИЌ – Тензии во Србија по апсењето на осомничените

Претседателот Вучиќ вели дека институциите располагаат со снимки и докази

ПЛАН ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ВУЧИЌ – Тензии во Србија по апсењето на осомничените
Фото: Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со апсењето на осомничени во Краљево за наводно планирање атентат врз него и неговото семејство, изјави дека не сака да навлегува во детали за случајот. Тој посочи дека не ги познава приведените лица, но дека има информации од каде потекнуваат и колку години имаат.

Во својата изјава, Вучиќ нагласи дека станува збор за сериозен случај и оти институциите располагаат со докази. Според него, мотивите за ваквите наводни планови се темелеле на дезинформации и лаги што осомничените ги прочитале или слушнале.

Претседателот истакна дека надлежните органи ќе ја продолжат постапката и ќе ги утврдат сите околности поврзани со случајот.

Тој додаде дека според достапните докази, станува збор за луѓе кои би направиле и најгруби злосторства, вклучително и против деца.

„Ова се луѓе кои би колеле нечии деца, а имаме снимени докази за тоа“, рече Вучиќ. 

Претседателот додаде дека дел од јавноста се залага за ослободување на осомничените, но дека тие луѓе, според докажаните информации, претставуваат сериозна закана.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека припадници на Управата за криминалистичка полиција и Безбедносно-информативната агенција, во соработка со ПУ Краљево, уапсиле две лица поради постоење основи на сомнение за планирање насилна промена на уставниот поредок на Србија и атентат врз претседателот.

CATEGORIES
TAGS
Share This