ДРЖАВАТА ВРАЌА 50 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОЛИГАРСИТЕ – Првата рата веќе во март

Компаниите треба само да поднесат барање за поврат на средствата до УЈП

ДРЖАВАТА ВРАЌА 50 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОЛИГАРСИТЕ – Првата рата веќе во март
Фото: Национал

Државата во текот на следниот месец ќе ја исплати првата рата од средствата од солидарниот данок што компаниите го уплатија во 2023 година според Законот за данок на солидарност.

Од Министерството за финансии за МИА соопштија дека процесот за враќање на средствата веќе е започнат. Донесен е изменет Правилник за формата и содржината на образецот за поднесување барање за враќање на погрешно или повеќе наплатен данок, кој е објавен во Службен весник. Компаниите треба да поднесат барање за поврат на средства до Управата за јавни приходи.

Законот за данок на солидарност опфати компании кои во 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари. Според законот, во Буџетот во 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од 156 компании. По поништувањето на законот од страна на Уставниот суд, државата е должна да ги врати овие средства.

Врз основа на одлуката на Уставниот суд, Министерството за финансии, со поддршка од Владата, ги договори условите за поврат на средствата. Повратот ќе се изврши во две рати – првата во март 2026 година, а втората во март 2027 година.

CATEGORIES
Share This