300 ЕВАКУИРАНИ, ИЗБЕГНАТА ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА Се запали моторот на авион пред полетување во САД
Нема извештаи за повредени. Спасувачките и противпожарните екипи брзо реагираа“, објави аеродромот на социјалните мрежи

Денеска, на меѓународниот аеродром Орландо во Флорида избувнал голем пожар на моторот на авионот на американската компанија „Делта ерлајнс“ во кој имало 300 патници, кои се евакуирани, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).
Во соопштението се наведува дека авионот AIRBUS A330 бил спремен да полета за Атланта во Џорџија кога настанаЛ хаос на пистата со запалувањето на моторот на авионот на Delta Airlines на меѓународниот аеродром Орландо.
ФАА соопшти дека ќе го истражи инцидентот.
Нема извештаи за повредени. Спасувачките и противпожарните екипи брзо реагираа“, објави аеродромот на социјалните мрежи.
CATEGORIES Свет

