АТЕНТАТОРИТЕ ВРЗ ГЕНЕРАЛОТ АЛЕКСЕЕВ ОТКРИЕНИ И УАПСЕНИ – Има и брИтанска трага велат од ФСБ
Истражната постапка продолжува, внимателно ги следиме сите настани и никогаш нема да заборавиме или простиме

Практично сите учесници и сторители на атентатот врз генерал-потполковникот на руската армија, Владимир Алексеев, се идентификувани, изјави Александар Бортников, началник на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
„Многу работи се направени во последно време. Практично ги идентификувавме сите учесници и сторители на ова злосторство. Некои од нив веќе се приведени, додека една жена успеала да избега и се скрила во Украина“, изјави Бортников за руските медиуми.
Тој истакна дека во атентатот постои очигледна британска трага:
„Главните нарачатели се украинските разузнавачки служби, а зад нив стојат трети земји. Видливо е, пред сè, присуство на британска трага. Истражната постапка продолжува, внимателно ги следиме сите настани и никогаш нема да заборавиме или простиме“, додаде Бортников.
ФСБ најави дека ќе објави нови информации за истрагата доколку се појават.
Атентатот се случи на 6 февруари, кога вооружен човек го застрела Алексеев во станбена зграда во Москва. Генералот е хоспитализиран, а сторителот подоцна беше уапсен од ФСБ.


