ОГЛАС НА ВЛАДАТА – Администрацијата на тим-билдинг во Охрид, Берово и Струмица

Тим-билдинзите ќе опфатат канцелариско работење и активности за односи со јавноста

ОГЛАС НА ВЛАДАТА – Администрацијата на тим-билдинг во Охрид, Берово и Струмица
Фото: Принтскрин

Генералниот секретаријат на Владата планира тридневни тим-билдинзи за своите административци во Охрид, Берово и Струмица, со вкупен буџет од 5.000.000 денари (околу 80.000 евра).

Во огласот за јавни набавки се бараат хотели со најмалку 4 ѕвездички, еднокреветни соби со два полни пансиона, превоз со високотуристички автобуси од „Илинденска“ до хотелите.

Критериум за избор на понудувачи е најниската цена, а крајниот рок за пријавување е 4 март.

Тим-билдинзите ќе бидат наменети за канцелариско работење, односи со јавноста и слични активности, а ќе учествуваат седум групи по 15-25 административци.

CATEGORIES
Share This