НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИНТЕРНЕТ ТРАНСАКЦИИ – СМС кодовите заминуваат во историја

очниот износ и примачот на средствата ќе се потврдуваат директно во апликацијата

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИНТЕРНЕТ ТРАНСАКЦИИ – СМС кодовите заминуваат во историја
Фото: Принтскрин

Од 1 март 2026 година, банките во Македонија престануваат да користат СМС ОТП кодови за потврда на онлајн плаќања и трансфери. Наместо тоа, воведени се посигурни методи за автентикација преку мобилни апликации (М-банкинг, М-Токен или други решенија што ги овозможува банката).

Со новиот систем, клиентите при плаќање ќе го потврдуваат точниот износ и примачот на средствата директно во апликацијата, со метод на автентикација кој е договорен со банката (биометрија, код или М-Токен). Ова го намалува ризикот од злоупотреби при интернет трансакциите.

Промената е дел од усогласување со член 124 од Законот за платежни услуги и платни системи, кој го транспонира Регулативата на ЕУ 2015/2366 (PSD2). Тоа значи задолжителна засилена автентикација (Strong Customer Authentication – SCA) за сите онлајн плаќања со картички.

За клиентите, ова значи дека секој кој плаќа со картичка на интернет мора да има активен дигитален пристап до банкарска апликација за потврда на трансакциите. Со ова се зголемува и нивната одговорност, бидејќи авторизацијата подразбира експлицитно потврдување на износот и примачот на средствата.

Македонската банкарска асоцијација предупредува за внимателно користење на електронските уреди и избегнување на измами. Не треба да се споделуваат кодови, лозинки или лични податоци преку мобилни апарати, а внимателноста е особено важна при сомнителни пораки и линкови.

CATEGORIES
Share This