(ВИДЕО) ЗНАМИЊА, ПОЛИЦИЈА И ДЕМАНТИ – Нова бура во македонскиот фудбал

Бура во домашниот фудбал по изјавите за спорните случувања

(ВИДЕО) ЗНАМИЊА, ПОЛИЦИЈА И ДЕМАНТИ – Нова бура во македонскиот фудбал
Фото: Принтскрин

Тензии и меѓусебни обвинувања ја одбележаа фудбалската сцена по последните натпревари меѓу ФК Вардар и ФК Башкими, како и дуелот Шкендија Арачиново – ФК Преспа.

На средбата Вардар – Башкими, во јавноста од страна на новинарот Фуркан Салиу беа изнесени обвинувања за говор на омраза од трибините, како и за наводна употреба на специјални полициски единици. Според критиките, тоа било доволен повод натпреварот да биде прекинат. Сепак, мечот не беше суспендиран, а не беа изречени дополнителни санкции.

Во однос на натпреварот Шкендија Арачиново – Преспа пак,  вели дека делегатот одбил да го започне натпреварот додека не биде отстрането албанското знаме од трибините иако според салиу знамето не претставува пречка согласно Законот за употреба на знамиња, но истовремено се повикуваа на наводна наредба од Федерацијата.

Подоцна следуваше официјална реакција од Фудбалска федерација на Македонија, во која најостро се демантираат тврдењата изнесени во јавноста од новинарот Фуркан Салиу.

Од Федерацијата истакнуваат дека ниту институцијата, ниту нејзиниот претседател Масар Омерагиќ побарале или издале наредба за отстранување албански знамиња на натпреварот во Арачиново. Според нив, ваквите наводи се целосно неточни и претставуваат манипулација со јавноста со цел создавање политичка заднина.

Во однос на наводите за употреба на сила на натпреварот Вардар – Башкими, од Федерацијата наведуваат дека припадниците на Министерство за внатрешни работи на Македонија постапувале професионално и во согласност со законските овластувања, и покрај, како што тврдат, вербални и физички напади од лица поврзани со раководството на клубот од Куманово. Според ФФМ, обидите случувањата да се прикажат како „употреба на сила“ се тенденциозни.

Федерацијата изрази жалење што во јавноста се пласираат, како што наведува, непроверени информации кои можат да поттикнат тензии и поделби. Оттаму нагласуваат дека новинарството подразбира одговорност и проверка на факти.

ФФМ соопшти дека е подготвена да овозможи увид во целокупната документација и видео-материјал поврзан со случаите, со цел јавноста директно да се запознае со фактите. Воедно, посочуваат дека немаат намера да водат јавни медиумски препукувања, но доколку продолжат невистинитите и клеветнички наводи, ќе ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на угледот и интегритетот.

CATEGORIES
Share This