ТРАМП СО НОВИ УВОЗНИ ДАВАЧКИ – Глобални царини од 15% за сите увозни производи
Администрацијата ќе мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на царините.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување глобални царини од 15% за увоз на стоки во САД, откако Врховниот суд на САД ги поништи неговите претходни мерки за увозни давачки.
Претходно, Трамп најави замена на поништените царини со нов данок од 10% за сите увезени производи, но во денешната објава на својата социјална мрежа Truth Social потврди дека стапката всушност ќе изнесува 15%.
Според најавите, новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и ќе важат околу пет месеци. По тој период, администрацијата ќе мора да побара одобрение од Конгресот за нивно продолжување.
Во објавата, Трамп жестоко ја критикуваше судската одлука и најави дополнителни мерки како одговор на пресудата.
CATEGORIES Бизнис


