НА 9 МАЈ ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА ВО РУСИЈА Еве дали и Трамп ќе биде во Москва?

НАЦИОНАЛ дознава дека Русија нема да го покани американскиот претседател Доналд Трамп да дојде во Москва на 9 мај на прославата на 80 години од Ден на победата.

Покана е упатена до кинескиот лидер Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди.

Во Москва се поканети и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик, а на свечената парада треба да учествува и одред на гардата на српската армија.

За Русија и Владимир Путин, 9 мај е најважниот ден во годината. Тоа е Денот на победата во Големата патриотска војна. Оваа војна, со право им овозможува да тврдат дека целиот свет му должи речиси сè на СССР, а со тоа и на Русија.

Да потсетиме, на 21 февруари годинава, францускиот весник Ле Поинт објави дека Трамп ќе патува во Москва на денот на победата над фашизмот.

Минатата година Франција одби да ги покани претставниците на Русија на прославата на годишнината од англо-американското слетување на Нормандија. Во јануари, Полска одби да покани претставници од Русија на комеморацијата на 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, иако логорот беше ослободен од Црвената армија.

CATEGORIES
TAGS
Share This