ЖЕНСКАТА КОШАРКА ВО ФОКУСОТ – Финалето на Купот на Македонија викендов

Натпреварите се одржуваат во Македонска Каменица, сцена за врвната женска кошарка.

ЖЕНСКАТА КОШАРКА ВО ФОКУСОТ – Финалето на Купот на Македонија викендов
Фото: КФМ

По завршувањето на машкиот турнир, на ред е и завршницата на Купот на Македонија за жени „Благоја Георгиевски – Буштур“, која ќе се одржи на 21 и 22 февруари во Македонска Каменица.

Во првото полуфинале ќе се сретнат МЗТ Бела Вода и Баскет Кам 2011 со почеток во 15:00 часот, додека второто полуфинале ќе го играат Крива Паланка и Бадел 1862 од 17:30 часот.

Финалниот натпревар е закажан за недела, 22 февруари, со почеток од 18:00 часот, кога ќе биде познат новиот освојувач на трофејот.

Љубителите на женската кошарка можат да очекуваат возбудливи дуели и жестока борба за првиот пехар во сезоната.

CATEGORIES
Share This