МБАПЕ РЕАГИРА – Лично слушнав како го нарече Винисиус мајмун

Жозе Мурињо и Бенфика добија почит, но играчот кој навредувал повеќе не заслужува настап.

МБАПЕ РЕАГИРА – Лично слушнав како го нарече Винисиус мајмун
Фото: Принтскрин

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше обележан со хаос поради инцидент на теренот. Винисиус Жуниор постигна победнички гол за шпанскиот тим, а потоа прославата ја изведе покрај корнер знамето. Навивачите на домашниот тим тоа го сфатија како провокација, по што следеше вербален дуел со Џанлука Престијани.

Бразилецот истрча кај судијата и пријави дека противничкиот играч го навредил на расна основа.

„Број 25 од Бенфика, нема да го именувам, почна да кажува лоши работи, што не е убаво, но е дел од фудбалот. Меѓутоа, потоа ја крена маицата преку уста и пет пати повтори дека Винисиус е мајмун. Го слушнав тоа и играчите на Бенфика исто така“, изјави Килијан Мбапе по натпреварот.

Францускиот фудбалер потенцира дека ситуацијата мора да се решава мирно и без генерализации:

„Важно е да се зборува за вакви работи, а не да се напаѓаат сите. Многу пати сум бил во Португалија и имам многу пријатели таму, а нешто вакво никогаш не ми се случило. На стадионот имаше 60.000 луѓе кои не направија ништо, само сакаа да го поддржат тимот.“

Мбапе исто така изрази почит кон клубот и тренерот:

„Имам голема почит кон Бенфика и кон тренерот Жозе Мурињо, кој исто така остави голем печат во Реал Мадрид. Но, овој играч повеќе не заслужува да игра во Лигата на шампионите. Ова е натпреварување кое сите го сакаме и мора да им дадеме вистински пример на децата.“

CATEGORIES
TAGS
Share This