ТРИПУНОВСКИ ДЕМАНТИРА – Нема скратени 40 милиони евра за субвенции
Опозицијата тврди дека се скратени 40 милиони евра, но министерот велии дека станува збор за дезинформации.

Фото: Принтскрин
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски категорично ги отфрли тврдењата на опозицијата дека од програмата за субвенции биле скратени 40 милиони евра. Тој нагласи дека станува збор за обид на опозицијата да профитира политички преку ширење дезинформации, во услови на недостиг на идеи и креативност.
„Проекцијата од 100 милиони евра е стандардна практика во изминатата деценија. Тврдењето дека нешто е скратено е неточно. Напротив, доколку се појави потреба, во текот на годината секогаш се обезбедуваат дополнителни средства преку ребаланс или пренамена“, изјави Трипуновски.
CATEGORIES Бизнис


