ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И СЛАБ СНЕГ НА НЕКОЛКУ ПРАВЦИ – Сообраќајот се одвива без поголеми пречки

Патниот правец кон село Герман е целосно непрооден поради паднато дрво кај село Станча.

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И СЛАБ СНЕГ НА НЕКОЛКУ ПРАВЦИ – Сообраќајот се одвива без поголеми пречки
Фото: Национал

Денеска (18.02.) сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.

Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво и не е прооден.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќајот важи за патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

CATEGORIES
Share This