ГРУПАТА ДЈУРАН ДЈУРАН ВО СКОПЈЕ – 2 јули во „Борис Трајковски“

Бендот од 1978 година со над 100 милиони продадени копии и некои од најголемите хитови на светската сцена

ГРУПАТА ДЈУРАН ДЈУРАН ВО СКОПЈЕ – 2 јули во „Борис Трајковски“
Фото: Принтскрин

Британските легенди „Дјуран Дјуран“ се враќаат во Скопје! Концертот ќе се одржи на 2 јули во салата „Борис Трајковски“, во организација на Авалон.

Влезниците се во продажба од четврток, 19 февруари, од 10:00 часот на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk. Дополнителни детали за цените и категориите ќе бидат објавени на социјалните мрежи на „Авалон“.

Познати по хитови како „Rio“, „Save A Prayer“, „Ordinary World“ и „Come Undone“, „Дјуран Дјуран“ ова лето ќе настапат и во Италија, а наскоро ќе бидат откриени уште европски датуми, вклучувајќи Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија и Србија.

Групата е формирана во 1978 година во Бирмингем, а со преку 100 милиони продадени копии, останува еден од највлијателните бендови на светската музичка сцена.

CATEGORIES
Share This