ШПАНИЈА ОТВОРА ИСТРАГА ПРОТИВ X, META И TIKTOK – Илон Маск жестоко реагира

Владата нареди формална истрага против X, Meta и TikTok поради сомнежи за создавање детска порнографија со помош на вештачка интелигенција.

ШПАНИЈА ОТВОРА ИСТРАГА ПРОТИВ X, META И TIKTOK – Илон Маск жестоко реагира
Фото: Принтскрин

Шпанската влада нареди на обвинителите да започнат истрага против социјалните платформи X, Meta и TikTok поради сомнежи за создавање и ширење на детска порнографија со користење на вештачка интелигенција.

Премиерот Педро Санчез истакна дека државата не може да дозволи нарушување на менталното здравје, достоинството и правата на децата.

„Неказнивоста на овие технолошки гиганти мора да престане“, напиша Санчез на својот профил на X.

Како дел од пакетот мерки за заштита на децата од онлајн злоупотреби, Санчез најави забрана за користење на социјални мрежи за лица помлади од 16 години, судски постапки против директорите на платформите и засилена регулација на дигиталните содржини.

Сопственикот на X, Илон Маск, реагираше остро, нарекувајќи го шпанскиот премиер „тиран и предавник“, придружувајќи ја објавата со навредлива икона.

Шпанија ја следи Австралија, која во декември стана првата земја што им забрани пристап до социјалните мрежи на лица под 16 години.

Во меѓувреме, Европската комисија отвори истрага против Meta, TikTok и AI-системот Grok. Ирска ја истражува компанијата Grok поради користење лични податоци, Франција ја истражува X поради генерирање сексуални deepfake содржини, а Португалија започна процес за ограничување на пристапот за малолетници.

Министерката за млади и деца, Сира Рего, соопшти дека Владата активирала член од Статутот на Државното обвинителство за формална истрага против големите платформи.

CATEGORIES
Share This