БАРАК ОБАМА – Вонземјани се можни, но јас не сум ги видел

ОбластА 51 нема тајни подземни комплекси, вели поранешниот претседател

БАРАК ОБАМА – Вонземјани се можни, но јас не сум ги видел
Фото: Принтскрин

Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно привлече внимание кога зборуваше за можноста за постоење на вонземјани во подкастот на Брајан Тајлер Коен. Обама потврди дека такви суштества можат да постојат, но нагласи дека лично не ги видел.

„Тие се реални, но јас не сум ги видел“, изјави тој.

Во шеговит тон додаде и дека нема тајни подземни комплекси во познатата воздухопловна база Област 51 во Невада:

„Нема подземен комплекс, освен ако не постои некоја голема завера што дури би се криела од мене како претседател“, рече Обама.

На прашањето кое му било првото нешто кога ја презел функцијата претседател, Обама се пошегува:

„Каде се вонземјаните?“

Ова не е првпат тој да зборува за можноста за вонземски живот. За време на гостување во 2021 година во емисијата The Late Late Show со Џејмс Корден, Обама откри дека побарал информации за вонземјани и наводни тајни лаборатории, но добил негативен одговор.

„Постојат снимки и записи за објекти на небото за кои не знаеме точно што се. Не можеме да објасниме како се движеле, нивната траекторија. Тие не ги покажувале вообичаените шеми на движење. Затоа, луѓето сè уште сериозно се обидуваат да истражат и да откријат за што станува збор“, додаде тој.

CATEGORIES
Share This