РЕАЛ МАДРИД ВОДИ НА ТАБЕЛАТА И ПО ПЕНАЛИ – 13 пенали во 24 кола Ла Лига

Клубот од Мадрид го држи врвот и по бројот на пенали и по бодови.

РЕАЛ МАДРИД ВОДИ НА ТАБЕЛАТА И ПО ПЕНАЛИ – 13 пенали во 24 кола Ла Лига
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид е тимот кој заработи најмногу пенали во најдобрите пет европски лиги во сезоната 2025/26. „Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 кола од шпанската Ла Лига.

Следат Баерн Минхен со девет, додека Мајнц, Брентфорд и Брест заработија по осум пенали.

Во последниот натпревар, победата од 4:1 над Реал Сосиедад, Реал Мадрид реализираше два пенали, а двата ги постигна Винисиус Жуниор.

Со оваа победа, тимот од Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со 60 бода по 24 натпревари.

CATEGORIES
Share This