(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ ВО МИНХЕН – Македонија поддржува праведен мир и европско единство
Разговори за безбедносните предизвици и билатералната соработка

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на својот престој во Минхен оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа, потребата од европско единство и солидарност, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави.
Мицкоски нагласи дека мирот мора да се гради врз основа на правда и почитување на достоинството на народите, бидејќи само таков мир обезбедува стабилност и сигурна иднина за Европа.
Дополнително, двајцата лидери разговараа за економската размена и за поддршката на процесите за напредок на државите. Премиерот Мицкоски истакна дека „напредокот е возможен кога постои јасна визија, храброст и определба“.


