ПОРАКА ДО КИЕВ – Трамп бара акција од Зеленски за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена за договор и побара конкретни чекори од Володимир Зеленски.

ПОРАКА ДО КИЕВ – Трамп бара акција од Зеленски за мир
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп упати јавно предупредување до украинскиот лидер Володимир Зеленски, оценувајќи дека Украина може да ја пропушти можноста за мировен договор доколку не преземе конкретни чекори.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека Русија е подготвена за договор и дека одговорноста сега е кај украинската страна.

Според него, Зеленски мора да дејствува навреме, во спротивно ќе ја изгуби, како што ја нарече, „одличната можност“ за постигнување мир.

CATEGORIES
TAGS
Share This