СВЕТЛА ИДНИНА НА ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ – Приходите на УЕФА достигнаа рекордни 5 милијарди евра

3,9 милијарди евра се прераспределени директно на клубовите и националните асоцијации

СВЕТЛА ИДНИНА НА ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ – Приходите на УЕФА достигнаа рекордни 5 милијарди евра
Фото: Принтскрин

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес го одржа својот 50. редовен конгрес во Брисел, потврдувајќи ја својата стабилна финансиска состојба. Буџетот на организацијата изнесува околу 5 милијарди евра, со резерви од 522 милиони евра.

Претседателот Александар Чеферин истакна дека УЕФА е една од најуспешните спортски организации во светот и дека иднината на европскиот фудбал останува светла, и покрај предизвиците.

Во сезоната 2024/25, без машкото Европско првенство, приходите достигнаа 5,014 милијарди евра, што е пораст од 737 милиони евра во споредба со претходната сезона. Од оваа сума, 3,9 милијарди евра беа прераспределени директно на клубови и национални асоцијации. Само оваа сезона, речиси 400 милиони евра ќе добијат клубови кои не играат во европските натпревари, а 308 милиони евра од тоа отпаѓаат на клубови без учество во европските турнири.

За сезоната 2025/26, приходите се предвидуваат на 5,136 милијарди евра, додека буџетот за 2026/27 е 5,052 милијарди евра. Најголемиот дел од приходите (81%) доаѓа од медиумски права, 16% од комерцијални партнерства и 3% од билети и угостителство.

CATEGORIES
Share This