ТРАВИЈАТА ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ – Ремек-делото на Верди на 20 февруари

Диригент Лоренцо Бицари и режисерката Верена Штојбер го носат ремек-делото пред македонската публика.

ТРАВИЈАТА ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ – Ремек-делото на Верди на 20 февруари
Фото: Принтскрин

Безвременското ремек-дело на Џузепе Верди, операта „Травијата”, која плени со страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 20 февруари 2026 година со почеток во 19:30 часот.

Инспирирана од романот „Дамата со камелии”, оваа опера ја раскажува вечната човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми.

На диригентската палка ќе биде гостин од Италија, Лоренцо Бицари, додека режијата е доверена на реномираната германска режисерка Верена Штојбер.

CATEGORIES
Share This