ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА 2025 – Раст предводен од странските туристи
Вкупен број на туристи со раст од 6 %, со доминација на странски посетители.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година вкупниот број на туристи во земјава се зголемил за 6 % во однос на 2024 година. Зголемувањето се должи главно на странските туристи, кои бележат раст од 10,3 %, додека домашните туристи се намалиле за 2,2 %.
Вкупниот број на остварени ноќевања пораснал за 0,8 % а странските туристи имале 6,4 % повеќе ноќевања додека пак домашните туристи имале 4,1 % помалку ноќевања.
Во декември 2025 година имало вкупно 59.521 туристи од кои домашни 36,7 % а странски 63,3 %.
Имало вкупно ноќевања 112.001 од кои домашни 42,4 % а странски: 57,6 %.
Најмногу странски туристи пристигнале од Турција – 7.303, Бугарија – 5.214, Србија – 4.736 и Грција – 3.433
Туризмот во земјава бележи позитивен тренд и засилен меѓународен интерес, но стабилноста на секторот сè повеќе зависи од странските пазари. Предизвикот за иднината е враќање и зајакнување на интересот кај домашните туристи за рамномерен и одржлив раст.


