УКРАИНА НАЈАВУВА ИНОВАТИВНА ОДБРАНА Ласерска купола против руските беспилотни летала

Интегриран систем за воздушна одбрана преку ласерот „Sunray“ ќе биде дел од поширока „купола“ за заштита од дронови.

УКРАИНА НАЈАВУВА ИНОВАТИВНА ОДБРАНА Ласерска купола против руските беспилотни летала
Фото: Принтскрин

Украина најави развој на нов систем за воздушна одбрана базиран на ласерска технологија, кој треба да ги спречи масовните напади од руските беспилотни летала. Системот, наречен „Сончев зрак“ (Sunray), е дел од поширока „купола“ за заштита од дронови, која ќе комбинира ласер, ефтини пресретнувачи и други средства за воздушна одбрана.

Според украинските власти ласерот може да соборува дронови со насочена енергија. Системот е поевтин од странските аналози и овозможува поширока примена. Интегрирани се и беспилотни летала P1-Sun, произведени со 3D печатење за брзо и масовно производство.

Заменик-командантот на украинските воздухопловни сили, Павло Елизаров, истакна дека украинскиот развој се движи побрзо од западните компании поради „потребата да се преживее“.

Сепак, оперативната зрелост на системот, неговиот дострел, отпорност на временски услови и способност да функционира во услови на електронско војување сè уште не е јасна. Ласерската технологија традиционално бара стабилен извор на енергија и поволни атмосферски услови.

Украина веќе претходно најавуваше ласерско оружје, вклучително и системите „Тридент“ и други, со кои се тврди дека се уништени дронови и водени бомби на бојното поле.

Најновата „ласерска купола“ доаѓа во време кога руските беспилотни летала продолжуваат да предизвикуваат значителна штета, а ефективноста на новиот систем ќе се покаже во наредните месеци.

CATEGORIES
TAGS
Share This