Предлог-законот за високото образование 2026 по нарачка на професорската олигархија
Интеграцијата внатре во универзитетот треба да создаде слободен, отворен, модерен и современ универзитет. А тоа значи создавање на флексибилни програми, каде студентот може непосредно да студира на два или повеќе факултети.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Недела, 8 февруари 2026 година
Што се планира и мои согледувања, ставови и анализи во врска со:
Предлог за Законот за високо образование (ЗВО) кое е од 02.02.2026 е поставен на платформата ЕНЕР е доставен за јавна расправа има можности за согледување, ставови и анализи од она што се планира во предлог ЗВО, уште на првото читање јасно се определува како дискриминирачки и направен по нарачка на една професорска елита, веројатно истата онаа која ја имала “честа” да биде покрај министерката Јаневска и да биде вклучена во изготвувањето на овој Закон за високо образование(ЗВО) 2026.
На самиот почеток да биде јасно! Зголемувањето на критериумите за избор во наставно-научно звање, што е една од придобивките на овој ЗВО 2026 е потребно, добродојдено и општествено есенцијално и да биде јасно дека никој не е против доколку ваквото зголемување на критериумите ги опфаќа сите членови на академската заедница!
Но, дали е тоа така или поинаку дефинирано: кои членови од академската заедница се поштедени од зголемените критериуми во процесот на академскиот напредок, што пак го прави овој закон за некого да биде мајка а за некого маќеа?
Прво, зголемувањето на критериумите со ништо и ниту на еден начин не ги интересира членовите на академската заедница кои се веќе избрани во највисокото наставно – научно звање Редовен професор. Ако имаме предвид дека во моментов повеќе од 50 отсто од академската заедница ја сочинуваат редовните професори кои се избрани во доживотно звање (некои автори сметаат дека тој процент е и многу повисок), токму заради фактот дека ниските критериуми на досегашните Закони за високо образование дозволуваа хиперпродукција на наставници во доживотно звање, ова значи дека 50 отсто (или многу повеќе) од членовите на академската заедница не се воопшто погодени од новиот ЗВО, ќе си дремат и по инерција ќе си ја чекаат пензијата, а доживотно ќе бидат членови на академската заедница. Е тоа се тие професори, накотени околу министерката Јаневска, опортунисти, на кои не им е од интерес зголемување на квалитетот во високото образование, ами како тие воопшто да не бидат вознемирени од ЗВО 2026 и мирно да си ја дочекаат пензијата.
Второ, уште дополнителни 20 до 30 отсто членови на академската заедница се многу малку погодени од зголемувањето на критериумите од ЗВО 2026, а тоа се веќе избраните вонредни професори и доценти. Имено, во Преодните и завршни одредби на предлог -ЗВО 2026, во членот 213, став 2, е предвидено дека при нивниот прв нареден избор во звање, нема да се применуваат одредбите од членот 161 од овој закон кои се однесуваат на трудови во списанија со фактор на влијание и h-индексот.
Тука, нејзиното Височество министерката Јаневска и нејзиниот тим многу згодно и прикладно си’ ја олесниле работата на веќе избраните во наставно-научно звање членови на академската заедница. Ако малку се загребе под површината, лесно може да се истражи кој се спаѓа во оваа група членови на академската заедница, на кои министерката им дава привилегии.
Врз база на претходното, драги читатели, остануваат некои 10 до 20 отсто од академската заедница кои ќе бидат многу погодени од новите критериуми за избор во звање! Дали погодувате кои се тие? Па тоа се асистентите, кои и онака се најмалубројната а многу значајна популација од академската заедница, односно подмладокот!
Народно кажано, со новиот предлог ЗВО 2026, се собрале редовните професори “за да им врзат машна на своите асистенти”, па овие кутрите или никогаш да не бидат избрани во наставно-научно звање или да бидат избрани по критериуми кои се несразмерно повисоки од критериумите по кои биле избрани нивните професори!!! (пишував претходно дека самата министерка Јаневска целиот работен век објавила само 4 in extenso трудови во списанија цитирани на светските бази, а само еден труд бил објавен во списание со влијание, односно Импакт фактор! Има и други професори што го подготвувале овој предлог ЗВО!). Еве го примерот: на член 161 став (1) од ЗВО-во однос на општи услови за избор во наставно-научни звања – доцент, може да биде лице кое: 1. Има остварено кумулативно просечен успех од најмалку 8.00(осум) на студиите за регулирани професии согласно член 140 од овој закон ( студиски програми за регулирани професии од областа на медицината, стоматологијата, доктор по ветеринарна медицина, мдицински сестри, , акушерки, студиска програма за фармацевти) пред воведувањето на ЕКТС, односно има остварено просечен успех од најмалку 8.00(осум) на интегрираните студии од првиот циклус и вториот циклус, за регулираните професии од член 140 од овој закон, 2. има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, како и завршен прв и втор циклус од исто или соодветно поле/потполе, 3. Да има најмалку три години искуство во звањето асистент, 4. има објавени или прифатени за објавување најмалку шест рецензирани научни труда во референтна научна публикација од кои најмалку три во списание со фактор на влијание(Web of Science), во последните пет години пред објавување на огласот за избор и најмалку – h индекс 3 и 5. има познавање на најмалку еден странски јазик, определен со општ акт на универзитетот, односно на самостојната висока стручна школа. Во став (2) од член 161 од ЗВО – вонреден професор, може да биде избрано лице, меѓу другото…да има објавено или прифатени за објавување најмалку шест рецензирани научни труда во референтна научна публикација од кои најмалку четири во списание со фактор на влијание во базата на Web of Science, во последните пет години пред објавување на огласот за избор и најмалку h-индекс 5. За редовен професор во согласност на член 161 став(3) …меѓу другото да има објавено или прифатени за објавување најмалку седум рецензирани научни труда во референтна научна публикација од кои најмалку четири во списание со фактор на влијание во базата на Web of Science, во последните пет години пред објавување на огласот за избор и најмалку h-индекс 8 и во ставот(4) за повторен избор во наставно-научното звање редовен професор, лицето треба да има меѓу другото да има објавени или прифатени за објавување најмалку седум рецензирани научни труда во референтна научна публикација од кои најмалку четири во списание со фактор на влијание во базата на Web of Science, во последните седум години пред објавување на огласот за избор и h-индекс најмалку 11, и слично.
Вака ли ќе го негуваме и чуваме подмладокот во државава? Ова ли е стратегијата за развојот на високото образование во државата? Подготвувачите на предлог Законот за високо образование и министерката Јаневска не се пример со своите научни трудови. Навистина им е потребна помош за да ја согледаат големата слика?
Кои се моите согледувања и забелешки во новиот предлог ЗВО 2026?
Согледувањата и забелешките кои ги имам по однос на член 161 став (1) од предлог ЗВО 2026, се однесуваат на избор во звање доцент се:
- законскиот услов за задолжителен предходен стаж од три години во звање асистент не е стандардна практика во државите членки на Европската унија. Имено, европските системи на високото образование напредувањето го темелат на докторска титула, научни и наставни резултати, додека претходното искуство се регулира од универзитетите( подзаконски акти-Правилници…), а не со закон.
- Условот за минимален просек од додипломски студии ( 8.00 (осум) како законски критериум не е применет во европските законодавства. Академската оценка и научниот придонес по PhDсе меродавни за избор во звањето доцент.
- Со ваквото нормативно уредување се отстатпува од принципите на Болоњската декларација(Bologna Declarazion) (1999), ЕНЕА и препораките наEUA, вклучително и EUA University Autonomy Scorecard, кои нагласуваат институционална автономија и вреднување на научно – истражувачки и наставни резултати како примарни критериуми за академско напредување.
Поради тоа предлагам:
- Условот за задолжителен претходен стаж како асистент да се укине од законот;
- Условот за минимален просек од додипломски студии да се изземе од законските општи критериуми за избор во звање доцент.
Во прилог на линкот до Законот за високо образование на Хрватска, ни таму нема услов за доцент просек од студии ( https://narodne-novine.nn.hr/ clanci/sluzbeni/2022_10119_1834.html), ниту во Законот за високо образование на Црна Гора не се бара просек, ниту во Бугарија, ниту во Грција, Турција, но затоа има во Србија ДА, што значи поднесителите на овој предлог на ЗВО 2026 е по теркот на Србија.
Студиски програми
Во предлогот на ЗВО 2026 во делот студиски програми во наведената одредба на член 132 став (10) е спорна одредба со кој се утврдува дека студиските програми за: „општа медицина, фармација, ветерина, архитектура, студиски програми за медицински сестри, акушерки, студиски програми за правни студии, студиски програми за одбрана и безбедност и студиски програми за наставници во основното и средно образование се студиски програми од јавен интерес и може да се организираат само на јавни и јавно-приватни високообразовни установи“. Со што приватните високообразовни установи се исклучуваат? Тогаш, до подготвувачите на ЗВО го поставувам логичкото прашање: Дали ова незначи дискриминирачки и противуставност со исклучување на приватните високообразовни установи? Да, ова е дискриминирачки и противуставен! Каква е ова нелогичност. Зарем, од јавен инстерес не се машинскиот, електро, економскиот, градежниот и други?Што размислувале со ова подготвувачите со овој срамен член 132 став (10) од Законот?.
Законската рамка во Македонија во предлог на закон член 132 став 10 не е дефинирано јасно кој е јавниот партнер во текстот „јавни и јавно-приватни високообразовни установи“, но не се именува органот. Логично, јавниот партнер може да биде: Министерството за образование и наука (МОН) како највисока надзорна институција. Јавна високообразовна установа (универзитет или факултет).
Што покажува праксата во светот и регионот
Праксата покажува дека најчесто Јавно-приватни партнерства (ЈПП) се реализираат преку јавни установи, а не директно преку министерството, затоа што министерствата обично немаат капацитет за фактичко управување со студиски програми.
Ќе наведам некои практични модели:
а) Европа:
– Германија – Јавното приватно партнерство (ЈПП) моделите се ретки. Јавниот партнер е универзитет или државен фонд, а министерството е надзорно тело.
– Франција – ЈПП се користат за кампуси, инфраструктура, истражувачки центри, не за акредитација на програми.
Б) Балкан: Словенија, Хрватска: Приватните и јавните факултети можат да соработуваат на проекти, лаборатории, или заеднички програми целосен „ јавно-приватен универзитет“ не постои јавниот партнер секогаш е јавен универзитет, не МОН.
ц) Практична логика: Министрите/МОН се регулатор, не оператор. Јавните факултети се правни субјекти и можат формално да бидат партнери. Значи во праксата: јавниот партнер е друга високошколска установа, а не МОН.
Кои уставни одредби се повредени
Со оспорената одредба член 132 став (10) од Законот се повредуваат уставните одредби:
член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот – владеење на правото
член 9 од Уставот – еднаквост на граѓаните и правните субјекти
член 51 од Уставот – согласност на законите со Уставот
член 55 од Уставот – слобода на пазарот и еднаква правна положба на субјектите
- Образложение
- Повреда на начелото на еднаквост (член 9 од Уставот)
Оспорената одредба воспоставува нееднаква правна положба меѓу високообразовните установи врз основа на нивниот основач (јавен/приватен), а не врз основа на објективни, квалитативни или професионални критериуми.
Приватните високообразовни установи, иако: се законски основани, се акредитирани од надлежни тела, подлежат на ист режим на контрола и надзор, се априори исклучени од можноста да организираат одредени студиски програми, кои продолжуваат да се изведуваат во јавни и јавно-приватни установи.
Уставниот суд во својата пракса континуирано утврдува дека:
„различен третман е дозволен само ако постои разумна, објективна и оправдана разлика во фактичката и правната положба“ (начело изразено во повеќе одлуки, меѓу кои У.бр. 82/2008, У.бр. 139/2010 и др.)
Во конкретниот случај, таква суштинска разлика не постои.
- Арбитрарно прогласување на „јавен интерес“
Законодавецот без утврдени критериуми прогласува затворена листа на студиски програми за „јавен интерес“, при што: правните науки се опфатени, економските, политичките и управните науки не се опфатени, иако и тие продуцираат кадар за: јавната администрација, јавните финансии, регулаторните тела и носењето јавни политики.
Уставниот суд има утврдено дека: „јавниот интерес мора да биде конкретизиран и образложен, а не декларативен и произволен“(У.бр. 104/2014, У.бр. 27/2016)
Во овој случај:
- не е образложено зошто токму овие области,
- не е применет унифициран методолошки пристап,
- не е извршена споредбена анализа со други сродни науки.
Со тоа, одредбата е произволна и спротивна на владеењето на правото.
- Несразмерност на мерката (тест на пропорционалност)
И ако се прифати дека постои легитимна цел (заштита на јавниот интерес), применетата мерка е несразмерна, бидејќи:
наместо засилен надзор,
наместо повисоки стандарди,
наместо посебни услови за акредитација,
се воведува целосна и селективна забрана за приватните установи.
Уставниот суд во повеќе наврати утврдил дека:
„кога постои помалку рестриктивна мерка за остварување на истата цел, законодавецот е должен да ја примени неа“
(У.бр. 121/2007, У.бр. 33/2012)
- Повреда на правната сигурност и легитимните очекувања
Оспорената одредба:
не предвидува преодни решенија,
не уредува статус на веќе акредитирани програми,
не ја зема предвид положбата на веќе запишани студенти.
Со тоа се повредува начелото на правна сигурност, кое Уставниот суд го смета за составен дел од владеењето на правото.
Што предвидува членот 214 став(3) во преодните и завршни одредби од Законот?
Во членот 214 став(3) е предвидено дека “Редовните професори по медицински науки, кои до денот на влeгување во сила на овој закон, засновале работен однос на приватна здравствена установа, го задржуваат звањето од јавна високообразовна или јавна научна установа и правото на вршење на високообразовна дејност”. Значи, професор од медицинските науки кој ќе се вработи приватно, си го задржува правото да биде професор и да практикува високообразовна дејност.
Па понатаму, најфамозниот членот 175 став 8 од предвидува да сите доктори од приватното здравство, кои ги исполнуваат условите за избор во наставно-научно звање, ќе може и да бидат избрани во звање во високообразовна установа, а без засновање на работен однос!
Со претходните два члена, особено со последниот, министерката Јаневска, дали е свесна за тоа или не е свесна, го прилагодува ЗВО 2026 на вработените во приватните здравствени установи, им дава невидени привилегии, со кои привилегии индиректно ги дискриминира докторите вработени во јавните установи!
Вака ли ќе го развиваме јавното здравство и јавното образование во државава? Дали ваквите мерки се во согласност со генералните политики на владеачката партија за сочувување на кадрите во јавните установи? Што всушност правите Вие министерке Јаневска? Дали сте свесни?
Зошто во ЗВО во фамозниот членот 175 став 8 – Засновање на работен однос, едноставно не се опфатени “доктори од приватното и од јавното здравство” туку привилегиите се дадени само на “доктори од приватното здравство”?. Ова е целосна дискриминација и противуставно.
Почитувани читатели, министерке Јаневска! Тука се работи за уставна категорија! Одредбите од Уставот јасно определуваат дека сите граѓани имаат право на еднаквост и еднаквост при вработување. Зошто само докторите од приватното здравство да можат да бидат професори на факултет без засновање на работен однос, а не може докторите од јавното здравство??? Ваквите одредби на ЗВО 2026 не се во согласност со Уставот туку и со генералните политики на власта?
Претходните прашања се особено значајни доколку се стават во контекст дека со ЗВО 2026 се укинува насловното звање. Насловното звање во поранешните закони за високо образование беше воведено со цел афирмирани стручњаци кои ги исполнуваат условите за избор во наставно-научно звање, а за кои нема место согласно актите на систематизација, да може да бидат избрани во насловно звање и да обавуваат високообразовна дејност. Насловното звање беше доста рестриктивно и не беше најдобра опција за практикување високообразовна дејност, но за многу еминентни стручњаци од фелата, беше начин, согласно исполнетите услови да може да предаваат. Со предлог ЗВО 2026 ова звање веќе не постои! Дали е тоа добро или не, времето ќе покаже.
Но, она што е важно е дека со укинување на насловното звање (кое овозможуваше професори да предаваат а без засновање на работен однос), а потоа во истиот закон да им ја дадеш опцијата да предаваат а без засновање на работен однос само на докторите од приватното здравство, тоа значи дека некои насловни професори од јавното здравство сега ќе останат без ангажман! И сега, со укинувањето на Насловното звање во новиот ЗВО 2026, докторката Давчева (како и други во медицината…) ќе останат без ангажман како професор во државава и покрај нејзините очигледни и големи постигнувања во наставно-образовната дејснот (автор е на две учебни помагала) и во научноистражувачка дејност (автор и рецензент во најпрестижни светски списанија). Професорката Давчева наоѓа привремено решение така што е избрана за насловен професор при Факултетот за медицински науки при УГД Штип. Таа воедно е избран професор и во Словенија, земја членка на Европската унија.
Дали е ова начин да се бркаат стручни лица од земјава и да бараат светлина во други држави!.
Нелогичноста која продолжувана како и во предходните донесени ЗВО, така и овој предлог ЗВО 2026 е во делот на предвидените Дисциплински мерки само кон студентите (член 31) во делот на повреда на должностите и за неисполнување на обврските, на студентот и може да му се изрече дисциплинска мерка:опомена, јавна опомена и исклучување … Но, во овој предлог ЗВО 2026 не се предвидени дисциплински мерки и етичката одговорност за наставниците, научниците и соработниците (кој во повеќе наврати сум пишувал) за дисциплинската одговорност на вработените во високообразовните установи или научни институти за прекршување на работните обврски и за нарушување на угледот на високообразовната установа или научната установа. Како што е предвиден во Законот за високо образование и наука во Хрватска и други европски земји.
Мои заклучни согледувања за состојбите и потребите за квалитет на високото образование во Република Македонија
- Современото образование е нужен процес кој е диктиран од повеќе определби-детерминанти:општествено-демократските процеси, глобализација, технологијата, економската, културната и другите динамичности кои диктираат со соодветни промени во сите ресурси кој создава ресурси.
- Наведените детерминанти даваат до знаење дека образованието како ресурс треба да се реформира, иновира и модернизира и во неговото реформирање треба да се вклучат повеќе субјекти и да дадат свој придонес за современото и квалитетно високо образование.
- Академската слобода и автономија треба да подразбере независност на научно- истражувачката дејност, финансиска автономија во која Универзитетот и високообразовните установи сами да одлучуваат за прераспределбата на финансиско – материјалните средства со кои располагаат, без оглед на тоа дали тие средства доаѓаат од државата, од стопанството, од самофинансирањето, од други донатори или пак од други интернационални кооперанти.
- Потребите од осовременување и оспособување на нови млади наставно-научни кадри и грижа за создавање научен подмладок.
- Значајно е прашањето во однос на трансформирање, иновирање и реформирање на високообразовните институции со државата и стопанството, односно потребите на пазарните закономерности, економската политика да се мотивираат стопанските субјекти- компании за помобилна и сеопфатна образовна партиципација, како и вложување во науката и образованието.
- Високото образование, институционалната структура на универзитетот која треба да биде компатибилна на промените кои настапуваат во Европа и светот. Тоа значи нашите универзитети мора да се прилагодат на стандардите на формалната интеграција со европскиот систем на образование, односно нашите универзитети и нивните единици-факултети да бидат компатибилни со студиските програми циклусите на студирање за да може да се интезивира протокот на луѓе, информации, идеи, на научно – технолошки сознанија со развиениот свет.
Интеграцијата внатре во универзитетот треба да создаде слободен, отворен, модерен и современ универзитет. А тоа значи создавање на флексибилни програми, каде студентот може непосредно да студира на два или повеќе факултети.
- Современиот, модерен, отворен универзитет и високообразовните установи, треба да ги имаат во предвид студентите како интересенти, парципиенти и субјекти во наставата, вежбовната, апликативната и научната дејност, за што се потребни одредени материјални, финансиски, просторни, техничко-технолошки услови на партиципиентите за нивно ефективно, едукативно оспособување за изведување на професијата, дејноста, како и за научно- истражување и применување во практиката, интерперсонална соработка и отвореност на студентите кон резултатите и постигањата на наставно – научно истражувачка и апликативна дејност.
- Треба конкретно да се дефинираат образовните студиски програми за регулираните професии за стекнување на квалификации за вршење на професија за студии од прв, втор и трет циклус студии и тоа според нормативи, стандарди и методологија кои се прифатени на единствениот европски простор за високото образование така што овозможуваат споредливост (компатибилност) со програмите на високообразовните установи во европскиот простор.
- Неминовна е потребата (до сега не е направено во Република Македонија) за рангирање на квалитетот на факултетите по студиски програми по универзитетите во јавните и приватните универзитети, поконкретно вршењето рејтинг на квалитетот по студиски програми од Природно-математичките науки, Техничко-технолошките науки, Медицински науки и здравство, Биотехнички науки, Oпштествени науки и Хуманистички науки. Пред се’, да се согледа квалитетот на јавните и приватните факултети-насоки или студиски програми, можност идните кандидати- студенти да се определат и да извршат избор за нивно натамошно образование да се запознаат со квалитетот на акредитираните студиски програми – потребни на пазарот на трудот по завршување на студиите, за додипломски, постипломски и докторски студии, услови за работа, наставата, наставниот кадар и слично.


