НОВА ЕРА НА РИВАЛСТВО Флик откри што мисли за можниот кам-бек на Мурињо во Реал
Тренерот на Барселона реагираше на шпекулациите за враќање на Мурињо во Реал Мадрид.

Иако следното „Ел Класико“ сè уште е далеку, веќе се чувствува зголемена тензија околу него. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се осврна на шпекулациите кои го поврзуваат Жозе Мурињо со можен ангажман во Реал Мадрид и потенцијално ново поглавје во нивното ривалство.
На прашањето дали би бил подготвен да се соочи со Мурињо доколку тој повторно го преземе мадридскиот клуб, Флик одговори кратко и јасно:
„Секако. Зошто да не? Тој е тренер на противнички тим и јас секогаш сум подготвен за секого.“
Овие изјави доаѓаат во период кога името на Мурињо сè почесто се споменува како можен кандидат за враќање на „Сантијаго Бернабеу“, по неговиот претходен мандат во клубот. Иако нема официјална потврда, медиумските шпекулации се засилуваат и дополнително ја подгреваат атмосферата пред идните дуели меѓу двата шпански гиганти.
Фудбалската јавност веќе го анализира можниот нов судир меѓу двајцата познати тренери, што би можело да донесе уште една драматична епизода во историјата на ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид.
