НОВ ЗАКОН, ПОВИСОКИ КИРИИ – Изнајмувањето во Грција поскапо и до 20%

исоките трошоци за регистрација и оданочување ги оптоваруваат издавачите на станови

НОВ ЗАКОН, ПОВИСОКИ КИРИИ – Изнајмувањето во Грција поскапо и до 20%
Фото: Принтскрин

Новиот закон за изнајмување недвижности во Грција, кој стапи на сила на 1 октомври 2025 година, се очекува да доведе до зголемување на кириите за 10 до 20 проценти.

Според Ана Павлица Мајоров, сопственичка на агенцијата за недвижности „Роман риел естејт“ од Переја, во близина на Солун, главната причина за поскапувањето се високите трошоци за задолжителната сертификација на становите што се издаваат.

„Трошоците за целиот процес на сертификација изнесуваат околу 600 евра по стан. Сопствениците се обврзани да ги регистрираат своите недвижности, да плаќаат туристичка такса и 15 проценти данок на закупнина на месечно ниво. Кога сè ќе се собере, во најголем дел од случаите не им останува ниту половина од приходот од изнајмување. Доколку станот се издава преку платформи како „Букинг“ или преку агенции, профитот дополнително се намалува. Токму затоа дел од сопствениците се одлучуваат да ги продадат своите станови“ – вели Мајоров за Курир.

Таа појаснува дека новиот закон дозволува едно физичко лице да издава најмногу два стана. Доколку поседува повеќе, сопственикот мора да се регистрира како компанија, што за странците значи дополнителни административни и правни обврски.

На зголемувањето на цените, според соговорниците, влијаат и повисоките трошоци за одржување, како и растот на цената на работната сила.

Александар Сеничиќ, директор на Здружението на туристички организации на Србија, потврдува за Курир дека годинава се очекува поскапување на туристичките аранжмани за Грција од 10 до 12 проценти.

CATEGORIES
Share This