ВРАБОТУВАЊЕ ВО АНБ – Можност за инженери со и без искуство

Платата се движи од 50.000 до 60.000 денари, зависно од позицијата и искуството

ВРАБОТУВАЊЕ ВО АНБ – Можност за инженери со и без искуство
Фото: Принтскрин

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) распишува јавен оглас за вработување инженери, со или без претходно работно искуство. Платата ќе се движи од 50.000 до 60.000 денари, во зависност од позицијата и досегашното работно искуство на кандидатите.

Овој оглас е втор по ред од формирањето на Агенцијата и ја потврдува посветеноста на транспарентна, отворена и законска процедура при вработување кадри. АНБ ја практикува политиката на јавно и рамноправно информирање, овозможувајќи сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да учествуваат во селекцискиот процес под еднакви услови.

Со овој оглас, Агенцијата нуди можност за стручни и мотивирани инженери кои сакаат да ја развиваат својата кариера и да придонесат во заштитата на националната безбедност.

Деталните услови, критериумите, рокот за пријавување, потребната документација и текстот на јавниот оглас се достапни на веб-страницата на АНБ, во деловите: „Транспарентност“ и „Кариера“.

CATEGORIES
TAGS
Share This