И ПОКРАЈ СЕРИОЗНИТЕ ПОВРЕДИ – Генерал Алексеев се обидел да го разоружа атентаторот
Властите веќе имаат опис на напаѓачот, како и снимки и фотографии од местото на настанот.

Фото: Принтскрин
Руските власти излегоа со првични информации во однос на генералот Владимир Алексеев (65), заменик-командант на военото разузнавање на Русија (ГРУ) кој пред два дена беше тешко ранет во Москва.
Според весникот „Комерсант“, нападот се случил околу седум часот наутро пред станбена зграда на улицата Волоколамское, каде што Алексеев живее.
Напаѓачот го застрелал генералот повеќе пати – во раката, ногата и градите. И покрај раните, Алексеев се обидел да го разоружа напаѓачот, по што избила физичка пресметка во ходникот на зградата, пред лифтот.
Властите веќе имаат опис на напаѓачот, како и видеа и фотографии од местото на настанот.
CATEGORIES Свет


