ТРАГЕДИЈА ШТО МАЛКУ СЕ ЗНАЕ – Семејството Делчеви загуби три сина за две години
Во рок од само две години, три сина на Никола и Султана Делчеви загинаа во борба со аскерот

Фото: Национал
Професорот и лидер на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, на социјалната мрежа Фејсбук потсети на големата трагедија што го погоди семејството на Султана и Никола Делчеви – загубата на три нивни сина во рок од само две години, за што малку се зборува во македонската јавност.
Да се потсетиме, да не се заборави:
„Никола и Султана Делчеви за две години оплакале три свои чеда. На 4 февруари 1901 загинува Димитар Делчев во борба со турски аскер кај с. Бајалци. На 20 јуни 1903 во борба со аскерот бил убиен Милан Делчев кај с. Неманци. На 4 мај 1903 во с. Баница загинува Гоце Делчев.
Слава на херојското семејство Делчеви! – напиша Бачев на фејсбук.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


