ЗАОКРУЖЕНА УСПЕШНА ПОСЕТА НА ОАЕ – Потпишан меморандум за дигитализација на администрацијата

Средби со претседателот на ОАЕ, вицепремиерот и претставници на меѓународни организации

ЗАОКРУЖЕНА УСПЕШНА ПОСЕТА НА ОАЕ – Потпишан меморандум за дигитализација на администрацијата
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук-профил истакна дека заврши уште една значајна посета, која отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати.

Во видеоизјава, Муцунски нагласува дека за време на посетата е потпишан меморандум за разбирање и дека заедно со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, оствариле повеќе значајни средби.

„Денеска заокруживме уште една успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ, шеикот Махмед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за развој, модернизација и дигитализација на Владата и државната администрација. Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретнавме и со претседателите на Естонија и Швајцарија, претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијаспора во ОАЕ. Оваа посета покажа дека постои голем потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, кои ќе ги почувствуваат граѓаните“, истакнува Муцунски.

CATEGORIES
Share This