ИЗВИНУВАЊЕ ДО ДРЖАВНОТО РАКОВОДСТВО – Заканувачите повикани во полиција на информативен разговор

МВР ќе одлучи дали ќе се води итна постапка против учесниците

ИЗВИНУВАЊЕ ДО ДРЖАВНОТО РАКОВОДСТВО – Заканувачите повикани во полиција на информативен разговор
Фото: Принтскрин

Двајцата учесници на протестот во Битола, Рафет Мемишовски и Феим Мемишовски, се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Рома Прес.

„Сè уште не е јасно дали станува збор само за информативен разговор или ќе следи итна постапка и можни санкции“, наведува медиумот.

Порано, Рафет и Феим упатија извинување до целото државно раководство за нивните закани.

CATEGORIES
Share This