СЛАБ ДОЖД И МАГЛА ВО КОТЛИНИТЕ – Снег на планините
Кон крајот на денот врнежи од дожд на запад и снег на планините

Фото: Национал
Денеска (07.02.) променливо облачно ќе преовладува во текот на денот со температура во интервал од 3 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Во претпладневните часови на места ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини и појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови, се очекуваат врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните подрачја повремено ќе биде засилен од западен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има магла, а ќе дува слаб променлив ветер.
CATEGORIES Македонија


