СВАДБА, ХАОС И ХУМОР – Филм што го покори Балканот

Комедијата што руши рекорди во регионот донесе вистинска свадбена атмосфера во Синеплекс Скопје

СВАДБА, ХАОС И ХУМОР – Филм што го покори Балканот
Фото: Принтскрин

Свадба каква што само на Балканот може да се види со пиење, хаос и многу хумор,  синоќа оживеа на големото платно во Синеплекс Скопје. По Белград, Загреб, Сараево и Љубљана, главниот град на Македонија беше домаќин на премиерата на комедијата за младенците Ана и Небојша – Хрватка и Србин, ќерка на банкротирал бизнисмен и син на српскиот шеф на дипломатија.

Филмот е копродукција меѓу Хрватска и Србија, во режија на Игор Шереги, и веќе се смета за хит во регионот, рушејќи рекорди по гледаност.

На премиерата, која наполни 17 сали, атмосферата беше како на вистинска свадба. Гостите беа пречекани со бенд и ракија, симбол на балканските свадби а статисти облечени како невеста и младоженец позираа за фотографии со публиката. Симболично, „невестата“ го фрли букетот во салата.

Комедијата предизвикува смеење до солзи: приказната започнува со бременост и еден повик од Лондон, по што следи лавина од балкански емоции, роднини, политика и хаос. Еден од главните музички моменти е песната „Се љубат добрите, лошите, злите“ на групата „Магазин“ од Сплит, снимена во 1989 година.

Филмот е препорачан за сите кои сакаат добра доза хумор, балкански шарм и секако вистинска свадбена атмосфера.

CATEGORIES
Share This