МАКЕДОНИЈА НА 25. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО МИЛАНО – Свечен почеток утре
Делегацијата со четворица спортисти, предводена од Цветанка Макаровски, ќе учествува во натпреварите за 116 медали; Јана Атанасовска и Ставре Јада се знаменосци на игрите.

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано за 25. Зимски Олимписки игри, чијшто свечен почеток е утре. Делегацијата ја сочинуваат четворица спортисти, предводени од Цветанка Макаровски.
Македонски знаменосци на игрите се Јана Атанасовска (Кортина) и Ставре Јада (Предацо). Церемонијата на отворање ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано со капацитет од 75.000 гледачи, почнувајќи во 20:00 часот по македонско време.
Првите натпревари започнаа два дена пред официјалното отворање. На игрите ќе учествуваат околу 2.900 спортисти од повеќе од 90 земји, кои ќе се борат за 116 медали. Речиси половина од учесниците се жени.
Според организаторите, повеќе од половина од билетите беа распродадени до почетокот на ноември 2025 година, а проценетиот буџет на игрите изнесува над три милијарди евра.


