СИЛЕН ФОКУС НА ТУРИЗМОТ – Зоран Љутков ја промовира туристичката понуда во Истанбул

Македонија ја промовира својата туристичка понуда на еден од највлијателните саеми во регионот.

СИЛЕН ФОКУС НА ТУРИЗМОТ – Зоран Љутков ја промовира туристичката понуда во Истанбул
Фото: Принтскрин

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на отворањето на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој се одржува од 5 до 7 февруари во Истанбул, Турција.

Во рамките на саемот, министерот Љутков имаше средба со претседателот на Турската асоцијација на туристички агенции (ТУРСАБ), Фируз Багликаја. На разговорот се дискутираше за унапредување на туристичката соработка, развој на заеднички туристички производи и културни рути, како и за промоција на културниот и креативниот туризам меѓу двете земји. Континуираната соработка со ТУРСАБ досега се фокусира на промоција на Македонија како туристичка дестинација и развој на бизнис-релации.

Турција е еден од најзначајните туристички пазари за Македонија, со над 500.000 ноќевања минатата година. Македонската туристичка понуда веќе 15 години се претставува на саемот во Истанбул, кој собира околу 30.000 туристички професионалци и љубители на патувања, служи како платформа за промоција на дестинации и нови можности за соработка.

Оваа година, саемот се одржува во „Експо-центар Истанбул” (IFM), со над 656 изложувачи од 109 земји и околу 660 туроператори, што го потврдува неговото значење како еден од клучните меѓународни настани за развој на туристичката индустрија.

CATEGORIES
Share This