НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ – Минимум 40% во следните три години
Договорот ќе се финализира преку поединечни колективни договори во сите институции.

На денешната средба во Владата, постигнат е начелен договор за зголемување на платите на административците. Според претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, договореното ќе се стави на хартија и потоа ќе биде потребно да го одобрат телата и органите на синдикатот.
Главни точки од договорот се зголемување на платите за 8% годишно во следните три години. Владата прифати да исплаќа додатоци на плата за сите вработени во администрацијата и правосудството. Зголемувањата ќе се реализираат преку поединечни колективни договори во сите институции (судови, обвинителства итн.).
Претседателот на УПОЗ истакна дека методологијата е врзана за минималната плата, вредност на бод и ниво на образование, со линеарен пораст на платите. Почетната плата ќе биде 25.000 денари, највисоката 45.000 денари, а само една плата ќе биде над просечната.
Владата побара УПОЗ да се откаже од Општиот колективен договор, но синдикатот ќе почека одлука од своите членови. Договорот ќе се финализира откако членството на синдикатот ќе го прифати текстот на колективните договори.
Пример според владината формула, административец со плата од 35.000 денари ќе добие зголемување од 1.500 денари, што со 8% дополнително ќе ја зголеми платата на 36.500 денари. Следните две години, платата ќе се зголемува на сличен начин, со што за три години вкупното зголемување ќе изнесува минимум 40% од почетната плата.

