ОПТИМИЗАМ ОД ВАШИНГТОН – Трамп најавува завршување на конфликтот
Специјалниот претставник на Трамп, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер учествувале во трилатералните разговори.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД интензивно работат на прекин на конфликтот во Украина и дека се многу блиску до постигнување договор.
Во меѓувреме, се одржа уште една рунда трилатерални разговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби, со учество на специјалниот претставник на Трамп, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер. Преговорите се воделе зад затворени врати, но учесниците оценија дека атмосферата била позитивна.
По разговорите, Москва и Киев извршија размена на по 157 воени заробеници.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

