МЛАДАТА ЅВЕЗДА НА БАРСА ВЕТУВА – Цела кариера тука

Младата ѕвезда на каталонскиот клуб вели дека сака да ужива во секој ден во најдобриот клуб и град на светот.

МЛАДАТА ЅВЕЗДА НА БАРСА ВЕТУВА – Цела кариера тука
Фото: Принтскрин

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека сака целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб.

Јамал настапува за првиот тим на „блауграната“ од 2023 година.

„Се надевам дека ќе можам да останам тука до крајот на животот. Сакам да уживам во секој ден, во најдобриот клуб и во најдобриот град на светот“, изјави Јамал за „Мундо Депортиво“.

Со Барселона, Јамал стана двократен шпански шампион, го освои Купот на кралот и двапати Суперкупот на Шпанија.

Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач има одиграно 134 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања, постигнувајќи 38 голови и 47 асистенции.

CATEGORIES
Share This