БАРАЊЕ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ – Одложување на Законот за пушење

Главната цел на законските измени е да се заштити јавното здравје, нагласува министерот.

БАРАЊЕ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ – Одложување на Законот за пушење
Фото: Принтскрин

Угостителите побараа прво да се спроведе информативна кампања, а дури потоа да започне примената на Законот за забрана на пушење, на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека најверојатно следната недела ќе се одржи нов состанок, на кој ќе присуствуваат и тој и министерот за здравство, со цел да се разгледаат сите можни опции и да се усогласи пристапот кон имплементацијата на Законот.

Дурмиши не прецизираше дали е можно одложување на почетокот на примената, кој е предвиден за 1 март, но нагласи дека главната цел на законските измени е заштитата на јавното здравје.

Тој истакна дека на следниот состанок ќе се донесе одлука што ќе биде прифатлива за сите засегнати страни, вклучително и за угостителите, и дека нивните забелешки за период на информирање и подготовка ќе бидат сериозно разгледани.

CATEGORIES
Share This