ДОДИК НАЈАВУВА ВОЕН СОЈУЗ НА РС СО СРБИЈА И УНГАРИЈА Ако пак ЦИК ми забрани да се кандидирам за претседател на РС, ќе бидам премиер

Во тој воен сојуз го гледаме и прашањето за внатрешна безбедност. Имаме ресурси и во тој поглед можеме да соработуваме и да имаме заеднички вежби со полицијата на Унгарија и Србија

ДОДИК НАЈАВУВА ВОЕН СОЈУЗ НА РС СО СРБИЈА И УНГАРИЈА Ако пак ЦИК ми забрани да се кандидирам за претседател на РС, ќе бидам премиер
Фото: Претседател на РС

Претседател на Република Српска – Милорад Додик изјави дека Република Српска сака да биде дел од воениот сојуз на Србија и Унгарија и дека за тоа ќе биде испратено писмо во следните неколку дена.

„Во тој воен сојуз го гледаме и прашањето за внатрешна безбедност. Имаме ресурси и во тој поглед можеме да соработуваме и да имаме заеднички вежби со полицијата на Унгарија и Србија“ – изјави Додик за „Вечерње новости“.

Додик ја обвини опозицијата во Српска дека не учествува во донесувањето на новиот устав од кој нема да отстапат властите во Бањалука бидејќи „го слуша Сараево и потсети дека Република Српска има право на војска и гранична полиција според Дејтон и Уставот“.не отстапува од новиот Устав,

„Не бараме ништо ново, важно е да се одржи референдум пред донесување на Уставот и тоа ќе биде разгледано“, рече Додик.

Претходно Додик во интервју за бањалучка „Глас Српскезборуваше и за можноста Централната изборна комисија да му забрани кандидатура за претседател на изборите догодина.

„Сега работите се неизвесни, затоа што преку ЦИК можат да ми забранат кандидатура. Сега зборувам хипотетички. А ако ми ја забранат кандидатурата, некој друг ќе биде кандидат во име на владејачката коалиција и ќе победи. И тогаш јас ќе бидам премиер“, рече Додик.

Тој додаде дека „не можат да му забранат да биде премиер“, нагласувајќи дека „за нив е поопасно отколку тој да биде претседател“.

CATEGORIES
Share This