ФИНАЛЕ ЗА ГЕРМАНИЈА – Хрватска елиминирана

Со 31:28 ја победи Хрватска и за прв пат по 2016 година ќе игра во финале, кое ќе се одржи во Данска.

ФИНАЛЕ ЗА ГЕРМАНИЈА – Хрватска елиминирана
Фото: Принтскрин

Германија се пласираше во финалето на Европското првенство за мажи, откако во првото полуфинале ја победи Хрватска со 31:28.

Првото полувреме беше изедначено, а Германците заминаа на одмор со водство од два гола. Во продолжението доминираа и на моменти имаа предност и до седум гола. Хрватите се обидуваа да ја намалат негативата, но не успеаја да го загрозат водството на противникот. Најефикасни поединци беа Цербе со шест голови и Волф со 13 одбрани.

За Германија ова е прво финале на Европското првенство по 2016 година, кога во Полска станаа шампиони. Овој пат финалето ќе се игра во соседна Данска.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Данска и Исланд. Голем фаворит е Данска, која покрај олимписката и светската титула, сака да ја освои и европската, што последен пат го направи во 2012 година.

CATEGORIES
Share This