ТРАМП ПОБАРА, ПУТИН ПРИФАТИ – Русија паузира со напади до 1 февруари

Рускиот претседател се согласи да не напаѓа Киев и другите градови до 1 февруари

ТРАМП ПОБАРА, ПУТИН ПРИФАТИ – Русија паузира со напади до 1 февруари
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да не изведува напади врз Киев и другите украински градови една недела, поради студеното време.

„Јас лично го замолив претседателот Путин да не пука врз Киев и другите градови една недела, и тој се согласи“, рече Трамп на состанокот на кабинетот, истакнувајќи го „вонредниот студ“ во регионот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија се согласила да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари, по барање на американскиот претседател.

„Станува збор за создавање поволни услови за водење преговори“, изјави Песков за новинарите.

Тој додаде дека Трамп лично му се обратил на Путин со барање Русија да прекине со нападите до почетокот на февруари.

CATEGORIES
TAGS
Share This