ОПАСНО ПО САД – Трамп ги предупредува Британија и Канада да не соработуваат со Кина

Стармер тврди дека Велика Британија може да соработува со Кина без да ги наруши односите со Вашингтон

ОПАСНО ПО САД – Трамп ги предупредува Британија и Канада да не соработуваат со Кина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „многу опасна“ најавата на Велика Британија за продлабочување на економската соработка со Кина, по средбата меѓу британскиот премиер Кир Стармер и кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг, пренесе Ројтерс.

Трамп изјави дека соработката со Кина е ризична и додаде дека, според него, уште поопасно е Канада да работи со Пекинг. Стармер, пак, порача дека Лондон може да ги зајакнува економските врски со Кина без да ги наруши односите со САД.

Во исто време, Трамп најави можни разговори со Иран, нагласувајќи дека американски воени бродови се распоредени во регионот, но дека би сакал тие да не бидат употребени. Иран предупреди дека ќе одговори решително на секоја нова агресија.

CATEGORIES
Share This