ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО – Одрони и магла на неколку патни правци

АМСМ апелира на внимателно возење поради влажни коловози и можност од одрони

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО – Одрони и магла на неколку патни правци
Фото: Национал

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека денеска (30.01.) на патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри додека пак намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 м.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

CATEGORIES
Share This