СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА ОН – Правото на самоопределување не важи за Крим и Донбас
Секретаријатот на ОН утврди дека територијалниот интегритет има предност пред правото на самоопределување во случаите со Крим и Донбас

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на прес-конференција изјави дека Секретаријатот на ОН заклучил оти принципот на самоопределување на народите не е применлив во случаите со Крим и Донбас.
„По внимателен преглед од страна на нашиот правен оддел, формиравме став дека правото на самоопределување не се применува во овие ситуации. Принципот на територијален интегритет преовладува“, рече Гутереш.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија се обратила до ОН со прашање дали, по примерот на Гренланд, може да се признаат правата на народите на Донбас, Новорусија и Крим на самоопределување. Тој истакна дека Западот го користи правото на самоопределување како главен критериум за независноста на Косово.
Лавров додаде дека Крим, како и народите на Новорусија и Донбас, се вратени во составот на Русија преку референдум, во согласност со принципите одобрени од Генералното собрание на ОН, и дека тоа нема врска со колонијализам или анексија.

