ЕМЕРИ ВО ФОКУСОТ НА РЕАЛ – Летен план за клупата на „Сантијаго Бернабеу“

Емери има четири трофеи од Лигата на Европа и успешен период во Астон Вила

ЕМЕРИ ВО ФОКУСОТ НА РЕАЛ – Летен план за клупата на „Сантијаго Бернабеу“
Фото: Принтскрин

Јасно е дека Алваро Арбелоа нема да биде долгорочно решение за клупата на Реал Мадрид. Тој моментално е само привремено решение до крајот на сезоната, особено по синоќешниот пораз во Лисабон.

Се шпекулираше дека Јирген Клоп е првиот избор на Флорентино Перез, но Германецот не изгледа премногу заинтересиран да се врати на тренерската работа. Во моментов, пазарот на тренери нуди ограничен избор, па Реал ќе мора да се одлучи за „сила“ за да ја задржи контролата над клубот.

Попладнево, Патрик Бергер од германски Скај го објави изненадувачкото име со кое Реал веќе контактирал за летото – Унаи Емери!

Емери, кој во своето резиме има дури четири трофеи од Лигата на Европа и извонредни сезони со Астон Вила во Лигата на шампионите, е високо ценет од многу влијателни луѓе во фудбалот. Сепак, Реал Мадрид е сосема друга димензија.

Емери се обиде да направи успех со Пари Сен Жермен, но не успеа да го достигне посакуваното ниво. Според Бергер, тој импресионирал голем број членови на раководството на Реал, но можната пречка е неговиот актуелен договор со Виља до 2029 година.

CATEGORIES
Share This