ГЛАМУРОЗНА ВЕЧЕР ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп ја прикажа својата приказна

Настанот имаше премиум детали, вклучувајќи бренд колачи и примероци од мемоарите на Меланија

ГЛАМУРОЗНА ВЕЧЕР ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп ја прикажа својата приказна
Фото: Принтскрин

Белата куќа беше домаќин на ексклузивна проекција на филмот „Меланија“, посветен на животот на поранешната прва дама Меланија Трамп. Настанот го организираше самата Меланија, собирајќи гости поврзани со нејзиниот живот, кариера и филмскиот проект.

По проекцијата, Меланија објави фотографија од Источната сала на Белата куќа на социјалната мрежа Икс, истакнувајќи дека е „длабоко трогната што била опкружена со инспиративни пријатели, семејството и културни неконформисти“ и дека личните приказни „го надминуваат времето и нè потсетуваат на нашата заедничка одговорност“.

Филмот се фокусира на „20 дена интензивна транзиција и планирање“ пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, прикажувајќи ги моментите кога Меланија ја усогласувала работата, семејството и филантропијата пред да стане прва дама. Проектот трае 104 минути и прикажува сцени од животот на Меланија во Њујорк, на Мар-а-Лаго и во Белата куќа.

Продуцентот Марк Бекман истакна дека меѓу гостите биле претставници од различни сфери – дизајн, спорт, финансии и технологија, вклучувајќи и Џеф Безос, Георгина Родригез, Тим Кук, Мајк Тајсон, Тони Робинс, дизајнерот Питер Арнел и членови на саудиското кралско семејство.

Бекман додава дека филмот ќе биде особено инспиративен за младите жени и студентките, покажувајќи дека е возможно да се гради и професионална кариера и семеен живот. Настанот имаше и премиум детали како бели кутии за пуканки со натпис „МЕЛАНИЈА“, брендирани колачи и примероци од нејзините мемоари за гостите.

CATEGORIES
Share This